(Видео) Родителите со транспарент пред судницата во Идризово: „63 убиени деца, 63 уништени иднини, 63 сенки ќе ве следат засекогаш“
Денеска продолжи судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кадешто животот го загубија 63 млади луѓе и 200 беа повредни.
Родителите на загинатите деца, беа присутни во судницата во Идризово, кадешто дојдоа со транспарент со ликовите на своите загубени чеда.
„Ние денес го донесовме транспарентот со нашите 63 убиени деца, за да ги потсетиме убијците на нашите деца што направија, бидејќи на минатото рочиште се изјаснија за невини.“ – изјави мајката на загинатиот Андреј Стојанов, Светлана Стојанова.
63 убиени деца, 63 уништени животи, а многу контрадикторно беше што обвинетите не ја признаа својата вина, рече Јулија Златкова, мајка на Томас Златков
“Зарем ние родителите треба да ги потсетиме зошто се во судницата? Никој не ја призна вината, ни монструмот, ни неговиот син, ни соучесниците, никој не покажа ни грам човечност… Сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата.“
„63 не е статистика, тоа се 63 убиени деца, 63 уништени иднини, 63 сенки ќе ги следат засекогаш.“ – изјави мајката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Во „Идризово“ еден лекар се грижи за…
Недостигот од лекари, долгото чекање за специјалистички…
Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…