„Тој само удираше печати на рака“: Одбраната на обезбедувачот Ѓорѓиев тврди дека тој не бил задолжен за претрес

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Ќе докажеме дека обвинетиот не го сторил обвинението кое му се става на товар. Ќе преентираме со кои и какви доказни средства ќе го побиеме обвинението на застапникот.

ОЈО достави интегриран обвинителен акт со кој во однос на Мартин го товари истиот дека сторил кривично дело тешки дела против општата сигурност. Поконкретно се наведува дека Георгиев постапил спротивно на чл. 49 и 53 ос Закон за приватно обезбедување и дека заедно со останатите од обезбедувањето не извршиле проверка на иденттиетот на лица и овозможиле влез на деца во објектот после 00 часот, не спречиле внес и користење на пиротехнички материи.

Умислата за сторување на ова кривично дело не може да биде никако докажана. Ова кривично дело има умислени дејствија, а во конкретниот случај сметаме дека не постојат докази за било каква директна и индиректна поврзаност на обвинетите, а со тоа и умисла на сите обвинети заедно. Меѓу обезбедувањето не постои претходен договор како ќе го извршат кривичното дело.

Во текот на постаката ќе докажеме дека Мартин не постапил спротивно на чл. 49 од Закон за приватно обезбедување што подразбира идентификација на лицата, бидејќи обвинетиот немал таква работна обврска. Обвинетиот не бил на работно место преку кое може да го контролира влезот на лица во дискотеката, тој ставал печат со логото на дискотеката.

Обезбедувачот не е обврзан да врши проверка на идентитетот, можат, но не мораат во секој случај, не постои автоматска законска обврска.

Мартин постапил согласно чл.53 бидејќи преглед на лица е процесно дејствие со кое се навлегува во приватноста на едно лице, затоа тоа е посебно регулирано. Прегледот на лица го вршат овластени лица од полиција.

Ќе докажеме дека работаната позиција на Мартин не била поврзана со лица и предмети кои влегуваат во дискотеката, а ќе докажеме дека пиротехниката била внесена многу порано пред Мартин да пристигне во објектот.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тој само удираше печати на рака“: Одбраната…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Рибата смрди од главата, а овде се…

Бранител на Ивица Грозданов, Звонко Давидовиќ: Катастрофата…

„Спаси 20 деца и креваше врати од…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Одбраната на Јанчески: Ќе докажеме дека на…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Во гајба со леб најден хероин во…

МВР информира дека вчера попладне во 13:35…