САД го прошируваат списокот на земји чии граѓани имаат забрана за влез
САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забрана за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем.
„Нема да бидам конкретна за точниот број, но тоа е повеќе од 30, а претседателот продолжува да ги оценува земјите“, рече Ноем во интервју за Фокс њуз, одговарајќи на прашање дали администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го зголеми бројот на земји опфатени со забраната на 32.
Ноем не прецизираше кои земји ќе бидат додадени на списокот. „Ако таму немаат стабилна влада, ако немаат земја што може да се одржи и да ни каже кои се овие луѓе и да ни помогне да ги провериме, зошто би им дозволиле на луѓето од таа земја да доаѓаат тука во САД“, рече таа. Трамп потпиша извршна наредба во јуни со која им забранува на граѓаните на 12 земји да влегуваат во САД, велејќи дека е неопходно да се заштитат од странски терористи и други безбедносни закани. Забраните важат и за имигранти и за неимигранти, како што се туристи, студенти и деловни патници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…