Српска листа ја презема власта во Северно Косово

t

Во 11 часот наутро, истовремено ќе се одржат конститутивни седници во Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица, каде што градоначалниците од Српската листа официјално ќе ја преземат власта по победата на локалните избори, јавува Нова.рс.

Милан Радојевиќ ќе ја предводи општина Северна Митровица, Драгиша Миловиќ во Звечан, Милош Перовиќ во Зубин Поток, а Зоран Тодиќ во Лепосавиќ.

Ова формално го означува крајот на владеењето на албанските градоначалници кои ги предводеа четирите мнозински српски општини во Северно Косово по изборите одржани во април 2023 година, кои беа бојкотирани од Србите и нивните политички претставници по нивното претходно повлекување од косовските институции.

Вршителот на должноста министер за локална самоуправа Ељберт Красниќи изјави дека неговото министерство ќе обезбеди конститутивните седници на српските градоначалници да се одржат во согласност со косовските закони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…