РКЕ ги намали надоместоците за струја

t

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија во Македонија. Оваа промена ќе влијае на крајната цена на струјата за потрошувачите на регулираниот пазар.

Дистрибуција на електрична енергија: намалување за 3,64% за користење на системот на Електродистрибуција.
Пренос на електрична енергија: намалување за 2,67% за користење на преносниот систем на МЕПСО.
Оператор на пазарот (МЕМО): намалување за 3,4%.
Овие промени стапуваат на сила од 1 јануари 2026 година.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, влијанието врз крајната цена што ќе ја плаќаат домаќинствата е 1% до 1,2% во просек за регулираниот пазар.

Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Вкупното влијание на РКЕ врз крајната цена изнесува околу 36-37%.

Намалувањата ќе бидат пресметани при определување на цената на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи. Се очекува ЕВН Хоум да достави пресметки до РКЕ наредната недела.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, влијанието врз крајната цена што ќе ја плаќаат домаќинствата е 1% до 1,2% во просек за регулираниот пазар.

Ќе има ли промени во евтината тарифа?

Бислимоски најави можност за воведување евтина тарифа во текот на денот, кога цените на пазарот се најниски. Но, тоа би значело почетокот на евтината ноќна тарифа да се помести – место во 22 часот, да почнува од полноќ. Одлуката ќе зависи од навиките на домаќинствата и дополнителни анализи.

Со денешната одлука на РКЕ, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: набавна цена, услуги на мрежните оператори и загуби. Останува ЕВН Хоум да ги објави финалните цени по блокови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…