Германија повторно воведува воена служба: Младите бесни – Не сакаме да бидеме топовско месо
Германскиот Бундестаг денеска го одобри повторното воведување на делумна воена обврска, со цел да го зголеми бројот на активни војници во услови на зголемени безбедносни ризици.
„Слободите во демократијата не се бранат сами од себе. Ова мора да го преземат луѓе кои се подготвени да застанат зад овие слободи, а не оние кои седат зад оградата и чекаат некој друг да го стори тоа наместо нив“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус (СПД) во обраќање пред гласањето.
Според новиот закон, воената служба формално останува на доброволна основа, но доколку во одредена година се пријави премал број регрути, Бундестагот може привремено да активира краткорочна задолжителна служба.
Се воведува и задолжително пополнување прашалник за подготвеност и способности за воена служба за сите кои наполниле 18 години, но обврската за пополнување важи само за млади мажи.
Германија, според договорот во НАТО, треба да обезбеди 260.000 активни војници, но моментално Бундесверот располага со околу 185.000. Доброволната служба би траела шест месеци, а новите регрути би земале околу 2.600 евра месечно.
Додека траеше дебатата во парламентот, низ цела Германија беа одржани протести против повторното воведување на воената служба, претежно со учество на средношколци под слоганот: „Не сакаме да бидеме топовско месо“.
Воената обврска во Германија беше укината во 2011 година поради уставни ограничувања, бидејќи државата не можеше да гарантира дека сите припадници на генерацијата ќе ја отслужат службата под исти услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…