Објавено на:

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

t

Двајца авганистански тинејџери кои минатата година пристигнаа сами во Велика Британија денес беа осудени на долги затворски казни за силување на 15-годишно девојче во парк во централна Англија.

Јан Џаханзеб и Исрар Нијазал, двајцата 17-годишници, ја нападнаа жртвата во јуни во парк во градот Лимингтон Спа, кој се наоѓа на десетина километри југоисточно од Бирмингем.

Двајцата ја одвлекоа тогаш пијаната девојка од нејзините пријатели, изјавија обвинителите пред локалниот суд.

На рочиштето, судот прикажа видео што жртвата успеа да го сними за време на нападот, на кое може да се слушне како плаче и повикува на помош.

Кривичните дела од страна на барателите на азил, особено сексуалните, станаа жешко политичко прашање во Британија, додека лабуристичката влада се обидува да најде решение за да ги запре илјадниците мигранти кои пристигнуваат со гумени чамци од континентална Европа.

Минатиот месец, еден авганистански државјанин призна дека силуваше 12-годишно девојче во Нитон, централна Англија, а еден маж од Етиопија беше приведен во септември откако беше осуден за сексуален напад врз две жени во Епинг, северно од Лондон.

Џаханзеб, кој ќе стане полнолетник на почетокот на 2026 година, беше осуден на 10 години и 8 месеци, а Нијазал на 9 години и 10 месеци затвор.

Адвокатот на Џаханзеб рече дека неговиот клиент пристигна во Британија сам преку Европа, во неговиот четврти обид да го премине Ламанш.

По отслужувањето на казната, тој се соочува со автоматска депортација.

Адвокатот на Нијазал рече дека тој дошол во Британија минатиот ноември за да избега од Талибанците кои го убија неговиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…

Клековски: Се работи на решавање на дефектот…

Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…

Новата учебна година со 300 паралелки помалку…

Македонските училишта во новата учебна година ќе…

Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…

Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…