(Видео) Не помина глумата: Родителите од Кочани ја одбија поканата на Иванка Василевска да дојдат на средба во нејзиниот кабинет да им објасни зошто не треба да има Анкетна комисија!
Не помина глумата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска која во „солзи“ се обрати пред родителите од Кочани кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката Пулс.
Инфомакс ексклузивно дознава дека родителите од Кочани ја одбија поканата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во нејзиниот кабинет да им објасни зошто не треба да се одржи оваа денешна анкетна комисија поврзана со случајот.
На Додовска и реплицираше пратеникот, Димитар Апасиев кој претседава со Комисијата кои и посочи дека аргументите кои ги имаше јавниот обвинител, Љубомир Коцевски се однесуваат на Анкетната комисија која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ за случаите Пулс, Модуларна болница, Беса Транс и Дурмо Турс, а не за Комисијата која ја свика Апасиев.
Апасиев и посочи на колешката дека нејзината глума не поминува и дека не постојат никакви правни и логични аргументи истата да престане со работа.
На денешната седница беа поканети премиерот, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Силјановска Давкова како и претседателот на Собранието, Африм Гаши, но и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Мицкоски вчера најави дека нема да присуствува на седницата, но по притисокот од јавноста се појави, Давкова немаше одлучено, но сепак дојде да присуствува. Единствен кој недостасува е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Не помина глумата: Родителите од Кочани…
Не помина глумата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ…
Поскапувањата продолжуваат: Трошоците на живот зголемени за…
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека…
Српската полиција уапси локален нарко-бос со компанија…
Во меѓународна полициска операција се уапсени четворица…
Покрената е петиција против прифаќање на мигранти…
Од пред два дена се потпишува петиција…
Целиот државен врв на Анкетната комисија за…
Претседателката и премиерот разбраа дека неприсуството на…