ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз редакцијата на „Инфомакс“
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари и политички партии излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници.
Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.
Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции целосно и доследно да ја истераат постапката“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде посветена на заштитата на слободата на изразување и создавањето амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз редакцијата на…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на…
Левица со реакција по нападот врз редакцијата…
По вчерашниот напад кој се случи врз…
МВР го лиши од слобода лицето кое…
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го…
ЗНМ со реакција по бруталниот напад врз…
По вчерашниот брутален напад врз редакцијата на…
„Заканите почнаа да се реализираат“ – Реакции…
Колеги новинари, политичари и граѓани пстрп реагираат…