Над 27% веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ била фаворизирана од верските заедници, додека за СДСМ само еден отсто

t

Предизборната кампања за локалните избори повторно го покажа влијанието на религијата и религиозните чувства  врз граѓаните, како средство за привлекување на гласови. Ова го потврдува најновото истражување „Религијата во политичките кампањи“, спроведено од Институт за политички истражувања-Скопје (ИПИС), интернет порталот Религија.мк и фондацијата Конрад Аденауер (КАС).

Според податоците секој трет испитаник смета дека религијата била користена, или донекаде користена, во предизборните кампањи. Иако овој процент е се’ уште значителен во споредба со претходните истражувања покажува тенденција на благо намалување на оваа пракса.

Кај граѓаните, влијанието на религијата врз изборот на кандидат е ограничено односно 75% одговориле дека религијата немала улога во нивната одлука, додека пак 16% признале дека имала влијание.

Истражувањето покажува дека најголема употреба на религијата кај македонските партии е забележана кај ВМРО-ДПМНЕ со средна оценка 2.34 (од максимални 5), следи СДСМ со 1.84, а најмалку кај Левица со 1.74. Кај албанските партии, религијата била почесто користена во кампањите: ДУИ добива 2.73, а ВРЕДИ 2.65. Независните кандидати имаат вкупна средна оценка од 1.9 за употребата на религијата во кампањата.

Најчестите форми на комбинирање политика и религија e барањето благослов од верските претставници. Сепак, граѓаните ја гледаат оваа практика негативно: 64.2% сметаат дека таквото барање е неприфатливо, додека 21.1% го поддржуваат.

Воопшто, граѓаните се против користењето на религија и религиозни симболи во политичките кампањи – таков став заземаат 68.3% од испитаниците. Повеќе од половина македонски граѓани би гласале за политичар со различна вероисповед, иако конфесијата на одредени политичари сe’ уште може да влијае на изборот на поддршка.

Сепак, половина од испитаниците веруваат дека религијата има влијание врз политичките процеси, со одговори „Да“ или „Донекаде да“. Иако постои намалување на перцепцијата споредено со претходните истражувања, религиозното влијание останува присутно во свеста на граѓаните.

На прашањето дали верските заедници фаворизирале одредена партија на последните избори, 24.3% одговориле потврдно, а 33.9% рекле дека не забележале такво нешто. Од оние кои одговориле позитивно, 27.4% сметаат дека била фаворизирана ВМРО-ДПМНЕ, 26.3% ДУИ, 21.2% ВРЕДИ, а само 1.1% СДСМ.

Истражувањето е спроведено во ноември 2025 година, по завршувањето на локалните избори, со 1128 испитаници, одржувајќи ги демографските пропорции според пол, возраст, професија и образование. Стратификацијата е во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, а маргиналната грешка изнесува +/-3.2%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 27% веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ била фаворизирана…

Предизборната кампања за локалните избори повторно го…

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз редакцијата на…

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на…

Спасовски со реакција за кривичната: МВРО-ВМРО се…

По понесувањето на кривичнапријава од страна на…

(Видео) Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката…

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на Венко…

(Видео) Филипче најави протести, ако не помине…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави нов…