Сијарто: Безбедноста на Европа ја гарантира НАТО, а не Украина

t

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ги критикуваше изјавите на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија би можела да биде подготвена да го нападне НАТО во рок од пет години, оценувајќи ги како „непромислени“.

„Марк Руте даде неколку непромислени изјави, тврдејќи дека ‘ние’ сме следната цел на Русија и дека безбедноста на Украина е наша безбедност“, напиша Сијарто на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека секој што сѐ уште се сомнева дали „здравиот разум целосно исчезнал“ во Брисел, треба да биде убеден од ваквите изјави.

Сијарто нагласи дека Унгарија, како членка на НАТО, одлучно ги отфрла овие тврдења, посочувајќи дека безбедноста на европските земји ја гарантира НАТО, а не Украина, која, како што рече, се бори за сопствената безбедност.

Тој оцени и дека изјавите на Руте се знак дека Брисел се поставил против мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека ваквите изјави се „неодговорни и опасни“.

Руте, пак, во четвртокот предупреди дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години, повикувајќи ги сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…

Три лица, меѓу кои и едно дете,…

Foreign policy: Блискиот Исток се обидува да…

Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…