Професорката Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

t

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија, објави Дескоска денеска на Фејсбук.

– Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција. Во текот на вчерашниот ден за нова претседателка на Венецијанската Комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда во Италија. Денеска се избрани тројца потпретседатели на Венецијанската Комисија: јас, Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство.

Среќна сум за тоа што сум првата потпретседател/ка на Венецијанската Комисија која потекнува од Македонија, но исто така и која потекнува од земја која не е членка на ЕУ, или од било која од земјите кои произлегоа од поранешна Југославија. Денешниот избор го сфаќам како признание за мојата активност и досегашен придонес во работата на Венецијанската комисија. Досега учествував во изработката на 14 мислења за различни земји, кои ги презентирав на пленарните седници и кои едногласно беа усвоени. Воедно како претставник на Венецијанската комисија учествував и во повеќе мисии и конференции.

Денешниот избор е обврска повеќе да продолжам со мојот ангажман на промоција на европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Благодарам на сите кои ме поддржаа на патот до втор човек во Венецијанската комисија. – стои во објавата на Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре…

Утре во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија,…

(Видео) 25 години државата се изживува со…

25 години државата се изживува со стопроцентен…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…