Тројца македонски државјани повредени во масовна крвава тепачка во Швајцарија

t

Насилен инцидент ја вознемири швајцарската општина Романсхорн, во Кантон Тургау, рано утринава во саботата, кога масовна физичка пресметка меѓу две групи лица заврши со вкупно седум повредени, од кои најтешко настрадаа тројца македонски државјани.

Според официјалните информации објавени од Кантоналната полиција Тургау, инцидентот се случил околу 04:00 часот наутро во угостителски објект лоциран на улицата „Банхофштрасе“. Првично започнала вербална расправија меѓу две групи посетители, која за кратко време ескалирала во сериозна физичка пресметка.

Поради интензитетот на насилството, на местото биле испратени повеќе полициски патроли, кои интервенирале за да ја стават ситуацијата под контрола и да спречат понатамошни инциденти.

Најтешко повредени во тепачката се тројца државјани на Северна Македонија – двајца на возраст од 41 година и еден 43-годишник. Тие се здобиле со лесни до средно тешки телесни повреди и со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во најблиската болница, каде им била укажана дополнителна медицинска нега.

Покрај нив, лекарска помош на самото место им била пружена и на уште четири лица кои поминале со полесни повреди. Станува збор за 54-годишен државјанин на Косово, 35-годишна државјанка на Албанија, како и двајца швајцарски државјани на возраст од 40 и 27 години.

Во инцидентот учествувале и уште две лица кои, за среќа, останале неповредени – 52-годишен швајцарски државјанин и 48-годишен државјанин на Северна Македонија.

Кантоналната полиција Тургау продолжува со истрагата и врши увид со цел целосно расветлување на мотивите, како и утврдување на точниот тек на настаните што довеле до оваа сериозна пресметка. Надлежните најавуваат дека против инволвираните лица ќе следуваат соодветни законски постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две малолетнички се тепале на улица во…

ОВР Струга вчера во 18:00 часот е…

Тројца се тепале на паркинг во Ѓорче…

Сообраќајна препирка се претворила во тепачка меѓу…

(Видео) Тепачка среде улица во Струмица, еден…

Снимка на која се гледа физичка пресметка…

Крвава пресметка во Карпош – ученици се…

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се…

(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…

Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…