Автобус со ученици паднал во провалија во Колумбија, најмалку 12 загинати
Автобус што превезувал студенти на матурска екскурзија се урна во 80 метри длабока клисура во Колумбија. Најмалку дванаесет лица ги загубија животите, потврди гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.
Без да наведуваат извори, медиумите објавија дека имало најмалку 16 мртви. Учениците од единаесетто и последно одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисура во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.
Повредените се однесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години.
„Денес е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот истражува што довело до несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж е пронајден жив под урнатините речиси…
Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со…
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Бројот на жртви во Колумбија надмина 100,…
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде…