Без договор по долгите разговори меѓу Киев и Вашингтон, средбата продолжува утре
Разговорите меѓу украинските и американските претставници за можните решенија за прекин на војната во Украина завршија без конкретен договор по повеќе од пет часа интензивни дискусии.
Средбата беше прекината во неделата навечер и ќе продолжи во понеделник наутро, потврди советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, пренесува Ројтерс.
Литвин информираше дека делегациите разгледуваат нацрт-документи и дека разговорите се во тек, но засега без финални заклучоци. Според него, претседателот Володимир Зеленски ќе се обрати во јавноста со коментар за исходот од преговорите по нивното целосно завршување.
Средбата започна во попладневните часови, а во разговорите учествуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. На состанокот присуствуваше и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
САД се подготвени да го зголемат економскиот…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…