Песков: Откажувањето на Украина од НАТО треба да биде предмет на посебна дискусија
Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина да се приклучи кон НАТО е клучно прашање во сите мировни преговори и треба да биде предмет на посебни, поконкретни разговори.
„Секако, ова прашање е едно од главните и е предмет на посебна дискусија“,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Москва очекува информации од САД по разговорите во Берлин со Украина и европските земји.
Претседателот на Русија Владимир Путин постојано бара Украина формално да се откаже од својата намера да се приклучи кон НАТО и да ги повлече своите трупи од делови на Донбас контролирани од Киев.
Москва, исто така, тврди дека Украина треба да биде неутрална држава и дека силите на НАТО не треба да бидат стационирани на нејзина територија.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да се откаже од инсистирањето за членство во НАТО доколку САД и европските партнери понудат доволно безбедносни гаранции како дел од преговорите за мировниот договор.
„Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД – по модел сличен на Член 5 … како и гаранции од нашите европски партнери и од други земји како што се Канада, Јапонија и други“,наведе Зеленски.
Во Берлин вчера се одржаа консултации меѓу претставници на Германија, Велика Британија и Франција за предлозите за завршување на војната, пред состанокот на Зеленски со лидерите на трите земји.
Зеленски вчера имаше и петчасовен разговор со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, а по средбата најавено беше дека разговорите ќе продолжат и денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…