Белград: Мала но значајна победа на српските демократски граѓани над режимот на Вучиќ – „Волстрит журнал“ објави дека инвеститорот Кушнер се откажал од градење хотел на местото на поранешниот српски Генералштаб

t

Џаред Кушнер се повлече од планираниот проект за изградба на хотелот Трамп во Белград откако проектот предизвика протести и обвинение против висок српски политичар, објави денес „Волстрит журнал“.

Бидејќи важните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на приватната инвестициска фирма на Кушнер „Афинити партнерс“.

Да ве потсетиме дека денес Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против министерот Никола Селаковиќ и уште тројца во случајот со Генералштабот.

Како што пишува „Волстрит џурнал“, имаше „нагла завршница на сè поконтроверзниот проект на кој Кушнер, сега јавна личност и преговарач, работеше повеќе од две години“.

Зетот на претседателот Доналд Трамп, потсетува весникот, презеде голема геополитичка одговорност, волонтирајќи да помогне во водењето на американските преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина, по слична улога во Газа.

Во исто време, тој раководи со „Афинити партнерс“, фирма за приватен капитал вредна 4,8 милијарди долари која инвестира глобално и е финансирана претежно од владите на Блискиот Исток. Таа фирма е дел од рекордното откупување на „Електроник Артс“ од 55 милијарди долари и помага во финансирањето на „непријателската понуда“ на „Парамаунт“ за Warner Bros.

„Кризата во Србија започна – со фалсификување“

Кризата со проектот во Србија започна кога администрацијата на претседателот Александар Вучиќ се обиде да ја отстрани заштитата на културното наследство од поранешниот воен комплекс на Генералштабот, кој имаше намера да го префрли на компанијата на Кушнер.

Обвинителот го иницираше процесот, апсејќи еден функционер за наводно фалсификување документи и покренувајќи поширока истрага, потсетува „Волстрит џурнал“.

Како одговор, владејачката партија ја избегна истрагата со донесување две брзи мерки во парламентот (lex specialis), лишувајќи го местото и бројни други стари згради од статус на зачуваност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград: Мала но значајна победа на српските…

Џаред Кушнер се повлече од планираниот проект…

Милановиќ се надева дека ЕУ нема да…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека…

Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе…

Надежно бебе, кое имало шанса за живот,…

Жежов: 105 ГОДИНИ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ-…

Утре, на 16 декември се навршуваат 105…

Три четвртини од Украинците се против големи…

Три четвртини од Украинците се противат на…