Разбиена банда во Милано – на чело на логистичката база била 96-годишна жена
Полицијата во Милано разби организирана криминална група од 21 лице вмешани во кражби и изнуда, а најголемо внимание предизвика податокот дека на чело на нивната логистичка база била 96-годишна жена.
Бандата, која оперирала во Италија, Швајцарија и Белгија, е откриена по истрага започната во 2023 година и се товари дека преку криминални активности стекнала профит од околу 2,5 милиони евра.
Начинот на работа им бил ист: се претставувале како лажни полицајци со фалсификувани легитимации за да влезат во домовите на повозрасни граѓани. Откако ќе влезеле, краделе накит и вредни предмети, кои потоа ги транспортирале во странство со кампери и ги препродавале.
При претресите се запленети луксузни часовници, златни прачки, накит и голема сума готовина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена банда во Милано – на чело…
Полицијата во Милано разби организирана криминална група…
Хаос на улиците во Милано: Повредени околу…
Немири избувнаа во Милано за време на…
Пожар избувна во близина на НАТО база…
Пожар избувна во четврток во областа Куцохеро…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Подигнато нивото на безбедност во базата на…
Военовоздухопловната база на НАТО во германскиот град…