Уапсен возач на камион, усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…