Пожар во куќа во село Љубанци
Во раните утрински часови денеска избувна пожар во куќа во скопското село Љубанци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пожарот бил пријавен во СВР Скопје во 04:58 часот, а зафатил семејна куќа во сопственост на 87-годишниот Љ.С. Според информациите од полицијата, во инцидентот нема повредени лица.
На терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала целосно да го локализира и изгасне пожарот.
По настанот бил извршен увид, а причините за избувнувањето на пожарот ќе се утврдуваат дополнително.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во куќа во село Љубанци
Во раните утрински часови денеска избувна пожар…
Кривични пријави за командир и четворица полицајци…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Детски психијатар во Хрватска со години злоставувал…
Детски психијатар (46) од Болничкиот центар во…
Лекарска комора: Немаме надлежност да постапуваме по…
Лекарската комора одговори на прашањата на Инфомакс…
Уапсен возач на камион, усмрти велосипедист во…
Полицијата го уапси возачот кој денеска со…