Ѓаволот од ефективен оди во куќен притвор
Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љ.П. на кој од претходно, со решение на судот, му е определена мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода со решение КОК ПП 439/23 во предметот за јавноста познат како „Синџир“.
Со оглед да истиот доброволно се пријавил на органите на прогон и од неговата одбрана е доставена медицинска документација според која истиот има влошена здравствена состојба, а воедно надлежниот Јавен обвинител, покрај здравствената состојба, ценел и дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделени не може да се гарантира неговата лична безбедност, на записник пред судот, наместо мерка притвор, предложи на обвинетиот да му се определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка 24 часовен надзор од МВР, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката.
Со оглед на сето тоа, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ЈО и на обвинетиот му определи мерка куќен притвор, како и задолжителен надзор, а воедно одземени му се и двете патни исправи. Против решението на судијата дозволено е право на жалба пред Кривичниот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Побаран притвор за 19 годишникот од село…
Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…
Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…
Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…
Шест лица одат во притвор, осомничени за…
Го киднапирале, па му рекле дека ќе…
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…