Граѓаните ќе можат да проверуваат казни од камерите на „Сејф Сити“ преку мобилна апликација

t

Граѓаните што направиле еден од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на системот „Безбеден град“, а не добиле известување преку порака или е-маил, наскоро ќе можат да проверуваат дали имаат казна. Министерството за внатрешни работи (МВР) подготвува мобилна апликација, која ќе им овозможи на возачите лесен пристап до информациите поврзани со нивните прекршоци.

„Набргу ќе почне да функционира мобилна апликација, достапна преку ‘Гугл стор’, ‘Ап стор’, како и на интернет, каде граѓаните ќе можат да се најават и да проверуваат информации поврзани со ‘Безбеден град’. Преку апликацијата ќе може да се провери имејл-адресата и бројот на мобилен телефон регистрирани за возилото, како и историјата на сторени прекршоци. Дополнително, граѓаните ќе може да ги ажурираат контакт-податоците и да остават забелешки доколку има потреба“, велат од МВР.

Од МВР не откриваат дали камерите постојано снимаат и ги бележат сите возачи, но нагласуваат дека за почеток системот детектира само четири видови прекршоци: непрописно паркирање, управување со брзина над дозволената, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.

Додека апликацијата не стане целосно функционална, граѓаните ќе може да добијат информации и да ги ажурираат своите податоци на шалтерот во зградата на МРТ, кој од денеска е во функција. Шалтерот ќе работи секој работен ден од 8 до 17 часот. Таму ќе може да се поднесат барања за промена или исправка на контакт-податоците или да се пријават неточности во известувањата за прекршок.

Ажурирање на податоците е можно и во станиците за технички преглед на возилата, а за прашања и забелешки може да се користи и електронската пошта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведската армија ја забранува употребата на кинеската…

Шведската војска објави дека ја забранува употребата…

Можете да скенирате со зголемен лимит: Усогласена…

Извршено е усогласување на апликацијата „МојДДВ“, согласно измените…

Се ажурира “Мој ДДВ”: Еве што треба…

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека…

Украинците се борат и со “телефон во…

Украинците во своите мобилни телефони имаат специјална…