Можете да скенирате со зголемен лимит: Усогласена апликацијата “МојДДВ”

t

Извршено е усогласување на апликацијата „МојДДВ“, согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица. Со измените се предвидува исплата на максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава, што ќе се реализира во мај.

Од Управата за јавни приходи информираат дека корисниците можат да ја преземат новата верзија на апликацијата од „Плејстор“, „Ејплстор“ или „Апгалери“.

Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. – се вели во соопшението.

Од УЈП додаваат дека од воведувањето на оваа мерка до денес кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари. Претходно, максималната исплата за скенирани сметки за секое тримесечје беше 1.800 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…

Владата денеска на вонредна седница ќе го…

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…

Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…

Владата денеска на вонредна седница до 1…

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…

Во овој момент остануваме на мерката намалено…

(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…

Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…