Путин: Оваа година беше пресвртница

t

Рускиот претседател Владимир Путин денес потврди дека руските сили презеле стратешка иницијатива на целата фронтова линија во Украина, ветувајќи проширување на таканаречената тампон зона.

Путин тврди дека руските сили ја имаат иницијативата, дека во текот на 2025 година окупирале повеќе од 300 населени места и дека се подготвени да ја забрзаат офанзивата, пишува Киев Пост.

Зборувајќи на состанокот на одборот на руското Министерство за одбрана, Путин оцени дека 2025 година означила „значајна пресвртница“ во воената кампања.

Според него, руските сили се способни да ги забрзаат офанзивните операции во „стратешки важните области“ на фронтовската линија.

„Руските вооружени сили го уништуваат непријателот, вклучително и нивните елитни единици обучени во западните воени центри“, рече тој.

Путин се пофали и со модернизацијата на морнарицата, наведувајќи дека руската морнарица добила нови подморници во 2025 година, како и 19 површински бродови и помошни бродови.

Тој рече дека Русија успешно ги тестирала своите нуклеарни крстосувачки ракети „Буревестник“ и нуклеарниот подводен дрон „Посејдон“, нагласувајќи дека системите „веќе постојат“ и ќе продолжат да се подобруваат.

Додаде дека вториот систем, ракетата „Орешник“, ќе биде „ставена во борбена готовност до крајот на годината“.

Во исто време, Путин ги отфрли предупредувањата за можен руски напад врз Европа како „лаги и бесмислици“.

Ги обвини европските политичари за поттикнување хистерија и „садење страв во главите на луѓето“ за неизбежна конфронтација со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Оваа година беше пресвртница

Рускиот претседател Владимир Путин денес потврди дека…

Песков: Русија сака мир, а не кратко…

„Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за…

Зеленски: Ако Путин одбие да соработува, САД…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Без договор по долгите разговори меѓу Киев…

Разговорите меѓу украинските и американските претставници за…

Снежна бура во Русија создаде целосен хаос…

Невообичаени сцени се одвиваа вчера во регионот…