Илјадници граѓани протестираа во Литванија против измените на законот за јавниот радиодифузер

t

Околу 10.000 луѓе се собраа пред зградата на литванскиот парламент во знак на протест против забрзаните измени на законот што го регулира работењето на јавниот радиодифузен сервис, јавуваат странските медиуми.

Демонстрантите предупредија дека предложените законски измени ја загрозуваат слободата на говор и ја поткопуваат независноста на Литванското национално радио и телевизија (LRT), во период на засилена политичка криза во земјата.

Според предлогот на владејачката коалиција, би се намалил прагот потребен за разрешување на генералниот директор на јавниот сервис. Наместо сегашната процедура, управниот одбор би можел со тајно гласање, со помал број гласови и врз пошироко дефинирани основи, да го смени првиот човек на LRT.

Критичарите на измените тврдат дека мерките се насочени конкретно кон актуелниот генерален директор и дека претставуваат обид за политичко влијание врз јавниот медиум, што, според нив, сериозно ја доведува во прашање неговата уредувачка автономија и улогата во демократското општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова се сретна со министерот за надворешни…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот…

Литванија: Нема знаци дека Русија подготвува напад…

Литванија не гледа знаци дека Русија подготвува…

(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира…

Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот…

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…