Објавено на:

Литванија: Нема знаци дека Русија подготвува напад врз Балтикот

t

Литванија не гледа знаци дека Русија подготвува поголем воен напад врз балтичките држави, но предупредува дека заканата од саботажа и понатаму е висока, соопшти литванското Министерство за одбрана. Коментарот уследи по медиумските написи за можни руски провокации, извести литванската јавна радиотелевизија ЛРТ, а пренесува „Украинска правда“.

Литванското Министерство за одбрана се огласи по повод текстот на британски „Гардијан“, кој, повикувајќи се на свои извори, објави дека Русија подготвува можна „провокација“ против балтичките држави или Полска. Од министерството нагласија дека таквите извештаи имаат за цел ескалација на тензиите во балтичкиот регион.

„Во моментов нема знаци дека Русија подготвува поголем воен напад врз балтичките држави, но нивото на закана од саботажа – како подметнување пожари или други акции против клучната инфраструктура на литванска територија – останува високо“, наведе Министерството за одбрана на Литванија.

Од министерството додаваат дека таквата реторика воедно е и обид за одвлекување на вниманието од руските неуспеси на бојното поле, како и за влијание врз одлучноста на сојузниците да продолжат да ѝ пружаат воена поддршка на Украина.

Потсетуваме дека, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски неодамна изјави дека Русија би можела да организира операција „под лажно знаме“ за да го оправда нападот врз некоја од членките на НАТО.

И латвиската разузнавачка служба неодамна предупреди дека Русија подготвува можни провокации против балтичките држави или Полска. Тоа, според нив, би можело да вклучува напади со беспилотни летала и други хибридни акции со цел земјите на НАТО да се присилат на прекин на поддршката за Украина.

На ова се надоврза и шефот на полската Разузнавачка агенција, Павел Шота, кој сугерираше дека Русија би можела да ги користи таканаречените „мали зелени луѓе“ за предизвикување провокации во балтичките држави, со цел да ја тестира реакцијата на НАТО сојузот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…

Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…

Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…

Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…

Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

Европската Унија подготвува нов, голем список на…

Русија најавува масовни напади врз енергетската инфраструктура…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека подготвува…