„Стоп за Усје“ повикува на граѓанска блокада во четврток: Се нарушува здравјето на сметка на профитот
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во четврток, 25 декември со почеток во 18:00 часот повикува на граѓанска блокада на раскрсницата на булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“.
Воедно граѓанската иницијатива ќе одржи прес-конференција на која јавно ќе бидат изнесени барањата до надлежните институции, со цел конечно и трајно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, за кое велат оттаму, е предизвикано од работењето на Цементара Усје.
„Блокадата е организирана како мирен, но решителен протест против континуираното труење на скопјани, кое со години се одвива со знаење, толеранција и институционална поддршка од страна на државните органи. Наместо заштита на јавното здравје, сведоци сме на системско игнорирање на алармантните податоци, неделување и прикривање на одговорноста“, се вели во соопштението на „Стоп за Усје“.
Оттаму велат дека пораката е јасна, а тоа е дека повеќе нема да се молчи и нема да се одлага револтот и нема повеќе да се дозволи жртвување на здравјето на граѓаните на сметка на профитот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Стоп за Усје“ повикува на граѓанска блокада…
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во четврток,…
Магла го затвори Скопскиот аеродром
Густата магла што од утрово ја зафати…
Вучиќ смирува: Имаме гориво до средината на…
Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел…
Родител на загинато дете во „Пулс“: Овој…
Денеска во Кочани со почеток од 14:05…
Се мајтапи ли некој со Гордана Сиљановска:…
Се мајтапи ли некој со претседателката Гордана…