Која е малолетната Југословенка која родителите ја продале на Епстин за да му биде сексуална робинка?

t

Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран, се наведува дека Епстин се фалел дека 14-годишната тинејџерка ја донел во САД за да му биде југословенска сексуална робинка. Подоцна му станала блиска соработничка и ги подготвувала девојките на кои тој сексуално се изживувал

Меѓу малолетните девојки на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно имало и Југословенка. Во декласифицираните документи од истрагата за него се наведува дека „ја донел од Југославија како своја сексуална робинка“ како 14-годишно девојче. Но како што наведува „Вечерњи лист“, кој ги нашол и ги анализирал документите поврзани со Југословенката, таа подоцна станала една од неговите блиски сексуални соработници.

Нејзиното име е Надија Марчинкова, или Нада Марчинко и таа, можеби, и не била Југословенка, туку била од Словачка, судејќи според бројните текстови за неа, за нејзиното семејство и за познанството со Џефри Епстин, во некои американски и словачки медиуми години пред овој нов пресврт во аферата Епстин.

Сепак, во документите објавени во петокот вечерта од Министерството за правда на САД , малолетната ученичка, која била донесена во домот на Епстин во Палм Бич за да му прави масажа и да му дава сексуални услуги, е претставена како Нада или Надја, која „Епстин ја купил од нејзиното семејство во Југославија“. Овој податок произлегува од изјава на една од жртвите на сексуалниот престапник, во извештај од полициско испрашување од октомври 2005 година, како и од други сведочења и од банкарски документи.

– Епстин се фалел дека ја донел во САД за да му биде југословенска сексуална робинка – се наведува во продолжението на полицискиот извештај, кој сега е декласифициран и кој „Вечерњи лист“ го пронашол меѓу илјадници други документи.

Нада Марчинко е родена на 21 февруари 1985 година, а нејзиниот опис како сексуална робинка на Епстин која тој ја купил или ја донел од Југославија, се повторува во сведочење на полицискиот детектив Џо Рикер пред поротата во Флорида, во јули 2006 година. Тој изјавил дека Нада дошла во САД со виза за манекенки, што ѝ дозволувало да работи како модел. Никаде во полициските и во судските документи за Епстин не се споменува дека Нада, всушност, може да биде од Словачка, како што веродостојно покажаа медиумски извештаи. Нада, како југословенска сексуална робинка на Епстин, ја наведува и жена која сведочела пред полицијата. Таа рекла дека со Епстин и со Нада имала сексуални односи во тројка во куќата на Епстин, каде што Нада имала регистрирано живеалиште во САД. Како што пишува „Вечерњи“, таа девојка, исто така, рекла дека почнала да доаѓа во куќата на Епстин кога имала 16 години за да му прави масажи при што сексуално го задоволувала. Под притисок при испрашувањето во полицијата, таа признала дека извршила стотици такви масажи во период од околу две години, претежно за време на викендите, бидејќи во текот работната недела одела на училиште. За една сексуална масажа добивала по 200 долари, а Епстин на таа сума додавал уште 200, кога имал посебни сексуални барања, како на пример, да има орален секс со Нада, која ја поканил да им се придружи во соба со маса за масажа и кревет.

При длабинска анализа на банкарските сметки на Епстин, откриен е документ во кој се споменува личност на 14 години која тој „ја купил од нејзините родители во Југославија“, а името на личноста не може точно да се прочита.

– Очигледно, и во тој случај се споменува Нада Марчинкова, која е рангирана на второ место меѓу соработниците на Епстин во тој документ, веднаш по Гислен Максвел, неговата поранешна девојка, која му обезбедувала бројни сексуални жртви, наведува „Вечерњи“.

Според една објава на „Икс“ од август годинава, Епстин подоцна почнал да ја користи Нада за да ги подготвува другите девојки за сексуални игри со него. Неа ја снемало веднаш по отворањето на документите и нема истрага за нејзиното исчезнување.

Во 2019 , Епстин беше пронајден мртов во затворската ќелија додека чекаше судење, а неговата соработничка, Гислен Максвел, отслужува 20-годишна казна затвор за сексуална трговија со деца.

Ден по објавувањето, од документите исчезнаа сликите на Доналд и на Меланија Трамп

Најмалку 16 од документите за Епстин објавени во петокот, исчезнаа во саботата од јавната веб-страница на Министерството за правда на САД. Меѓу нив е и заедничката фотографија на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговата сопруга Меланија со Епстин и со неговата соработничка Гислен Максвел.

„АП“ пишува дека федералните власти не објасниле зошто се отстранети тие датотеки, но во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, нагласиле дека „фотографиите и другите материјали ќе продолжат да се прегледуваат и да се редактираат во согласност со законот, како мерка на претпазливост, како што добиваме дополнителни информации“.

Избришани се и други документи. Во објавените записи едвај се споменуваат неколку моќни личности кои долго време биле поврзани со Епстин, вклучувајќи го и поранешниот британски принц, Ендру. Од друга страна, објавени се фотографии на поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, како и на пејачите Мајкл Џексон, Мик Џегер, Дајана Рос, Кевин Спејси. Иако снимките не се доказ за кривични дела, сепак, даваат увид во кругот во кој се движел Епстин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е малолетната Југословенка која родителите ја…

Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран,…

(Фото) Злоупотреба на службени возила во Гевгелија

Кога со пренамена на средства од буџетот…

Исчезнала среде бел ден во населено место,…

Повеќе од една година семејството Јанкови живее…

„Човештвото се соочува со огромна катастрофа“ –…

Северна Кореја предупреди дека Јапонија наводно се…

Еве зошто филмовите од 90-тите се подобри…

Додека модерната кинематографија сè повеќе се потпира…