Советот на јавни обвинители денеска избира в.д. државен јавен обвинител
Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе се определи вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Ова доаѓа откако минатата недела Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред Собранието да расправа за негово разрешување.
Првичниот обид за избор на привремен наследник беше закажан за 19 декември, но седницата беше одложена поради отсуство на членка на Советот. Обвинителот Ермон Незири тогаш предложи изборот да се изврши во полн состав поради значајноста на функцијата.
Според законот, вршителот на должноста се избира од редот на обвинителите во републичкото Јавно обвинителство. Меѓу потенцијалните кандидати се:
- Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.
Вршителот на должноста ќе ја извршува функцијата најмногу шест месеци, односно до изборот на нов државен јавен обвинител преку собраниски оглас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спроведена координирана акција за економско-финансиски криминал –…
Завчера во текот на ноќта помеѓу 17…
Наредба за истрага против поранешниот државен правобранител…
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…
Поднесено обвинение за полов напад и уцена
По преземените дејствија и обезбедените докази, надлежен…
ОЈО бара притвор за насилникот кој упадна…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Претреси во Скопје и Куманово поради „злоупотреба…
Поради сомневање за кривично дело „злоупотреба на…