Амбасадорката Агелер си оди од Македонија – Трамп отповика 30 дипломати

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отповикува околу 30 дипломати од амбасадорски и други дипломатски позиции, меѓу кои е и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. Потегот е дел од поширок процес на реорганизација на американските дипломатски мисии и назначување кадар кој ќе биде поусогласен со приоритетите на политиката „Америка на прво место“.

Шефовите на мисии во најмалку 29 земји минатата недела биле известени дека нивните мандати ќе завршат во јануари, изјавиле двајца претставници на Стејт департментот под услов на анонимност. Засегнатите дипломати нема да ги изгубат своите работни места во надворешната служба и, доколку прифатат, ќе бидат прераспоредени на други позиции во Вашингтон.

Сите повлечени амбасадори биле назначени за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но останале на функциите и по почетокот на вториот мандат на Трамп. Промените започнале минатата среда, кога од Вашингтон почнале да пристигнуваат официјални известувања за нивно заминување.

Од Стејт департментот не прецизираат точен број на засегнати дипломати, наведувајќи дека станува збор за стандарден процес при промена на администрација. Во соопштението се посочува дека амбасадорите се лични претставници на претседателот и дека тој има право да обезбеди тие да ја спроведуваат неговата надворешнополитичка агенда.

Најголем број повлекувања има во Африка, каде се опфатени амбасадорите во 13 земји: Бурунди, Камерун, Зелен ’Рт, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

Во Азија промени има во шест земји: Фиџи, Лаос, Маршалски Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.

Во Европа се повлекуваат амбасадорите во Македонија, Ерменија, Црна Гора и Словачка.

Промени има и на Блискиот Исток во Алжир и Египет, во Јужна и Централна Азија во Непал и Шри Ланка, како и на Западната хемисфера во Гватемала и Суринам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката Агелер си оди од Македонија –…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отповикува…

Габард: Русија не е способна да ја…

Директорката на американската национална разузнавачка заедница, Тулси…

САД ја нападнаа Исламска држава во Сирија

Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната војска…

САД ја суспендира програмата за лотарија за…

Претседателот Доналд Трамп во среда ја суспендираше…

Трамп потпиша воен буџет од 900 милијарди…

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша Законот…