Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и за „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем” и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем”.
На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…