Трамп: Мораме да го имаме Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „национална заштита“ и дека „ние мора да ја имаме“. Како одговор на прашањето на Би-Би-Си за новата улога на Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, кој беше назначен за специјален пратеник за Гренланд, тој изјави дека Вашингтон „ќе мора да го реши тоа“ и дека на САД „им е потребен Гренланд за национална безбедност, а не за минерали“.
Американскиот претседател предизвика нов спор со Данска откако го именуваше гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд, огромниот арктички остров за кој рече дека сака да го анектира.
Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, во заедничка изјава го повторија барањето за почитување на нивните граници, откако Ландри претходно објави дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп на 19 ноември планира одделна средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…
Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…
САД не се под системски напад, изјави…
Карни ја поддржа идејата за средба на…
Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…
Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…
Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…