Изгласани двајца нови министри – Беким Сали и Муамет Хоџа, Муртезани советник на премиерот

t

Орхан Муртезани стана од министерската фотења во европски прашања а на Илинденеска покрај неговиот заменик односно новиот министер во европски прашања, Беким Сали ќе седне и поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа кој ќе раководи со животна средина.

Премиерот Мицкоски пред народните избраници ги образложи причините за новоименуваните министри а иако не го образложи разрешувањето на Муртезани сепак му се заблагодари за досегашната соработка и посочи дека ќе му помагал во неговиот кабинет во следењето на реформската агенда .

За опозициската СДСМ ова се само козметички измени кои не носат никакво добро за граѓаните. Албанскиот опозициски блок пак прашуваше зошто ако премиерот Мицкоски бил задоволен од Муртезани го разрешува без објаснување наместо Муртезани сам да си поднел оставка.

Од Вреди пак ги поздравија новите измени во владиниот кабинет и им посакаа успех на новите министри .

Иако на почетокот по изборите премиерот најавуваше поширока реконструкција сепак како што веќе најавуваше потоа таа веројатно ќе почека до пролетва а овие минимални измени доаѓаат како резултат на изборниот процес кога дел од министрите станаа градоначалници а меѓу нив и Изет Меџити кој ја водеше животна средина но беше и прв вицепремиер — функција која сега ќе ја превземе Сали а пак Хоџа онаа во животна средина и просторно планирање .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…

Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…