Толку беше…. По делумно исплатените субвенции на сточарите најавите за грчко сценарио ставени во мирување
Голем е револтот кај оние одгледувачи на овци кои не зедоа субвенции по грло овца. Всушност, два и пол часа по најавата на сточарите во понеделникот за грчко сценарио, протести и блокирање на сите главни сообраќајници низ државата доколку до петок не им бидат исплатени субвенциите за 2024та, на сметките на 1211 сточари беше извршена исплата по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Но, најверојатно над 800 сточари не зедоа субвенции. Дали проблемот е бројот на предадени јагниња во кланица допрва ќе се види, објаснуваат за 24 од Сојузот на одгледувачи на овци.
Од Сојузот дополнуваат дека најавите за протести и блокади по грчко сценарио засега ги ставаат во мирување, но, како што велат, тоа не значи дека отстапуваат од нивните барања за исплата на останатите мерки за сертифицирано органско поизводство за 2023 и 2024 година, со оглед на тоа дека веќе сме во очи на 2026та.
Бидејќи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со информацијата дека се исплатени субвенции по грло овца објави дека сите што не зеле субвенции да се обратат до Платежната агенција, па секој предмет ќе се разгледува од службите, ТВ 24 ја контактираше и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Кога се планира остатокот од сточарите да бидат исплатени и зошто истите не беа опфатени со првата исплата во понеделникот, за колкав број на сточари станува збор и дали е предвидена финансиска поддршка во блиска иднина и за органското земјоделско производство за 2023 и 2024 година? Ова се прашањата кои 24 ги испрати до Платежната агенција, но до објавување на прилогот од таму не добивме конкретни одговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Толку беше…. По делумно исплатените субвенции на…
Голем е револтот кај оние одгледувачи на…
Уставен одлучи да поведе постапка за ланските…
Уставниот суд денеска донесе одлука да поведе…
Изгласани двајца нови министри – Беким Сали…
Орхан Муртезани стана од министерската фотења во…
Во јануари нема да стартува владината потрошувачка…
Владината потрошувачка кошничка нема да се објави…
(Видео) Левица: Облаци црн чад од оџаците…
„Скопје денови наназад повторно е обвиено во…