Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози

t

Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ засеци и клисури можно е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефон 02 25 61 502.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…