Филипче: Покачувањето на струјата ќе повлече големи поскапувања на се, меѓу кои и на основни намирници како леб млеко, јајца

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утрово на прес со новинарите, меѓу останатото, изјави дека покачувањето на цената на струјата е резултат на криза што потекнува од потфрлањето на енергетскиот сектор.

-Трите денари покачување ќе повлече поскапување на сите други продукти. Следи бран на огромни поскапувања на цените на се, меѓу кои и елементарни намирници како леб млеко, јајца. А притоа нема најава за злолемување на платите – кажа Филипче.

Филипче зборуваше и за закочувањето на интегративниот процес

-Се е тоа резултат на корупција и криминал. Нема реформи во правосудството. Не се отвораат врати за европското обвинителство и така се пролонгира корупцијата и криминалот. Преку своите медиумски кујни измисливаат проблем со Бугарија – низ извртување на фактите и спинување. За нешто да се претстави како предавство, со цел да нема европско правосудство и европски обвинителни и да цвета криминал и корупција – изјави Филипче

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…