Напад во париското метро: Три жени избодени со нож
Три жени беа повредени откако маж вооружен со нож ги нападнал на линија 3 од париското метро. Според неколку полициски извори, мажот извадил нож и избодел три жени на различни станици на линијата, која се протега помеѓу Бањоле (Сен-Сен Дени) и Левалоа-Пере (От-де-Сен), објавија француските медиуми.
Нападите се случиле помеѓу 16:15 и 16:45 часот, соопшти полицијата.
Жртвите брзо биле згрижени од париските пожарникари. Полициски извор изјавил дека трите жени претрпеле полесни повреди, од кои две на грбот и бутовите. Осомничениот потоа избегал на линија 8 од метрото пред да биде уапсен во својот дом во Сарсел (Вал д’Оаз). Мажот наводно е од малиско потекло и роден во 2000 година, според полициски извор. Исклучена е можноста дека се работи за терористички напад, а полицијата се сомнева дека е дело на ментално нестабилно лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…
Три жени, меѓу кои и една бремена,…
Три жени повредени во напад со нож…
Уапсен е маж осомничен за напад и…
Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…
Париското небо се претвори во огромно светлосно…
Скратено работно време на Ајфеловата кула и…
Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…