Повреден 49-годишник од Свети Николе по експлозија на електричен бојлер во неговиот дом

t

Вчера во 07:29 часот во ОВР Свети Николе, С.П.(49) од Свети Николе пријавил дека околу 06:45 часот во неговиот семеен дом експлодирал електричен бојлер.

Како што се наведува во полицискиот билтен, од настанатата експлозија, тој се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец бара Касами да му купи нов…

Вези Елези од Тетово вели дека поради…