Скопјанец предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило, при што тешко бил повреден и еден пешак

t

На 27.12.2025 во 21:15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.К.(60) од Скопје. Околу 17:00 часот на ул.„Димо Хаџи Димов“ се случила сообраќакна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.К. и товарно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(31) од с.Морани, општина Студеничани, по што била удрена и 19-годишната А.С. – пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобиле возачот Е.Е. и неговите сопатници К.К.(30) и М.Е.(19), двајцата од с..Морани, констатирани во Градка општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа, а по преземени мерки Б.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украдена бистата на Вера Јоциќ од парк…

На 26.12.2025 во 11:00 часот во СВР…

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција…

Вчера, со брза размена на информации преку…

Скопје е загадено дури и на дожд!

Скопје е загадено и утрово, иако во…