Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување
Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата.
„Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, во 2024 година таа е 21,9%. Кога станува збор за нееднаквоста на доходите односно т.н. Џини индекс во Македонија, е исто така најдобар во последните 4 години во 2024 година. Од 33,3% сега е на 29,1% и е најдобар во регионот”, изјави премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека Џини индексот е прв пат под 30% во последните 30 години и е подобар од европскиот просек и од сите држави во регионот, а тоа значи дека има поголема еднаквост во распределбата на приходите помеѓу населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секој петти граѓанин е сиромашен!
Во 2024 година, стапката на сиромашни лица…
УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум…
Извештајот „Состојбата на децата во светот 2025:…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…