Ограбена банка во Германија, штетата над десетици милиони евра

t

Крадци во Германија украле имот вреден повеќе десетици милиони евра од трезорот на една банка, соопшти германската полиција.

Околу 2.700 клиенти на банката се оштетени со оваа кражба во Гелзенкирхен, соопштија полицијата и банката Шпаркасе.

Полицијата додаде дека верува оти вредноста на сè украдено е помеѓу 10 и 90 милиони евра.

Германската новинска агенција ДПА пренесе дека оваа кражба би можела да биде еден од најголемите грабежи во Германија.

Грабежот се случил вчера, а банката остана затворена и денеска, додека околу 200 луѓе се појавија пред неа барајќи да влезат внатре, пренесува ДПА.

Противпожарниот аларм ги повикал полицајците и пожарникарите во филијалата на банката малку пред 4 часот наутро во понеделникот.

Тие пронашле дупка во ѕидот и го пребарале трезорот. Полицијата верува дека била користена голема дупчалка за пробивање на ѕидот.

Сведоци им кажале на истражителите дека во текот на викендот виделе неколку мажи како носат големи торби во блиската гаража.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…

Холанѓанец плати 10.000 евра за брзо возење…

23-годишен Холанѓанец бил запрен од германската полиција…

Нивото на Рајна падна на најниско ниво…

Нивото на реката Рајна падна на најниско…

Албанија и Германија потпишаа договори за финансирање…

Албанија и Германија потпишаа три договори за…

Анализа: Премногу млади муслимани се подложни на…

На почетокот на една широка конфронтација со…