Објавено на:

Нетанјаху: Хамас не е разоружан, Иран се обидува да ги обнови нуклеарните капацитети

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Иран се обидува да ги обнови своите ракетни и нуклеарни капацитети кои беа оштетени за време на војната во јуни оваа година.

„Ги вративме значително назад во обете области, но да, тие ќе се обидат да ги обноват своите ракетни и нуклеарни капацитети. Мислам дека вистинскиот проблем со Иран е што треба да го прифатат фактот дека не треба да имаат капацитет за збогатување на нуклеарно оружје“, рече Нетанјаху во интервју за американскиот „Фокс њуз“.

Според него, Техеран треба да го извади целиот материјал што веќе го збогатил, односно да го изнесе од Иран и да спроведе инспекции.

„Не бараме ескалација, се надевам дека ниту тие нема да го сторат тоа, но ако сакаат, сè е можно“, додаде израелскиот премиер.

Зборувајќи за Хамас, Нетанјаху рече дека палестинското милитантно движење мора да ги предаде сите свои пушки и инфраструктура на тунели за да може мировниот план на Вашингтон за Газа да продолжи.

„Хамас вети дека ќе се разоружа, но одбива да го стори тоа“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека Хамас сè уште има околу 20.000 луѓе со калашникови, кои „периодично ги користат за егзекутирање на секој што не сака нивната тиранија да продолжи“.

„Тие имаат вкупно 60.000 пушки АК. Тоа е она што значи разоружување. Мора да ги земат сите тие пушки, да им ги одземат и да ги уништат тие терористички тунели што ги имаат. Сè уште има стотици километри терористички тунели. Хамас одбива да го стори тоа“, рече тој.

На прашањето дали верува дека втората фаза од планот за Газа може да се постигне дури и ако Хамас не е подготвен да се разоружа, Нетанјаху рече дека смета дека треба да му се даде шанса.

„Постои обид да се доведат меѓународни сили. Досега тоа не вроди со плод, но ќе му дадеме шанса. Бидејќи ако може да се направи на полесен начин, во ред. А ако не, ќе се направи на друг начин“, заклучи израелскиот премиер, објави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Хамас не е разоружан, Иран се…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека…

Трамп го предупредува Иран за можен напад,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе…

Хамас: Убиството на висок командант ја загрозува…

Убиството на висок командант на Хамас ја…

Израел уби еден од клучните луѓе на…

Израелската армија изврши напад врз автомобил во…

Хамас одбива да се разоружа: Тоа би…

Исламистичката милитантна организација Хамас е подготвена да…