Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“, на ниво на државата повнимателно се вози и жртвите на годишно ниво се намалени

t

„Декември е месец кога може да се сумираат резултатите и да се направи една анализа за тоа што значеше имплементацијата на проектот „Сејф Сити“. Ако се спореди декември месец 2025, со декември 2024 година ќе дојдеме до еден многу значаен параметар, кој нас не прави задоволни и среќни со почетокот на функционирање на „Безбедниот град“, бидејќи во Скопје во декември месец 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле 5 лица, а оваа година ниту едно. Примената на оваа апликација си го дава резултатот“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање за тоа дали е задоволен од аплицирањето на системот „Сејф Сити“.

Мицкоски дополни дека и вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни несреќи во 2024 година бил 142 лица, а изминатата година е 131 лице. Тоа според него значи и во градовите кај што нема инсталирано систем „Сејф Сити“ и на автопатите се вози повнимателно.

„Ние продолжуваме и понатаму да го подготвуваме системот. Не очекувам дека од 1 февруари брилијантно секаде ќе функционира и не се можни некаде некакви грешки и отстапувања, но тоа во процесот како ќе расте така и ние ќе растеме со него, ќе го нивелираме. Но бројките за намалување за 11 жртви помалку во 2025 и во Скопје во декември 0 наспроти пет во декември 2024, ни дава за право да бидеме задоволни“, рече Мицкоски и дополни дека Владата ќе опстои на ова и покрај антикампањата и критиките кои беа упатувани на нејзина сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се…

„Декември е месец кога може да се…

Тошковски: Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати…

„Жртви како последица на сообраќајни незгоди во…

Петарда му ја разнела раката на 12-годишник…

12-годишно момче доцна синоќа било донесено на…

Министерот Алиу во традиционална новогодишна посета на…

На Клиниката за гинекологија и акушерство првото…

Новиот градоначалник на Њујорк положи заклетва врз…

Според извештајот на „Фокс њуз“, новоизбраниот градоначалник…