Двегодишното дете што почина не можело да се оперира, велат од Министерството за здравство
„Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг.
Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело.“ велат од Министерството за здрваство по смртта на двегодишното дете пренесено на Клинички центар на новогодишната ноќ кое беше погодено во главата со метален фрагмент.
Од Министерството изразија сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти.
Апелираа до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје. Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и, за жал, можат да бидат и фатални. – велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…