119 повредени во пожарот во Швајцарија: Меѓу нив 71 Швајцарец, 4 Срби, 1 Босанец
Шефот на полицијата Фредерик Гислер изјави дека од несреќата, кантоналната полиција на Вале интензивно работи на обезбедување легитимни одговори на многуте прашања поврзани со катастрофата. Тој изјави дека вкупно 119 лица се повредени, од кои 113 веќе се формално идентификувани.
Меѓу повредените има 71 швајцарски државјанин, 14 француски, 11 италијански, четворица српски државјани, еден државјанин на Босна и Херцеговина, еден белгиец, еден луксембуржанец, еден полјак и еден португалец. Меѓу повредените има и 14 азијци.
Моментално има 40 потврдени смртни случаи. Властите нагласуваат дека ова се привремени бројки и дека бројките може да се променат како што напредува идентификацијата. Швајцарската полиција соработува со властите во Франција, Белгија, Полска, Португалија, Конго, Србија, Турција, Романија и Филипините на идентификацијата.
Спред информациите македонскиот државјанин кој семејството го бара, се уште не е пронајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…
Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…
На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…
Швајцарија сака да го ограничи бројот на…
Во Швајцарија се дискутира за горната граница…