Силен земјотрес го погоди Мексико, оштетени патишта и болници
Силен земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, при што беа пријавени оштетувања на патната инфраструктура и на болнички објекти, соопштија локалните власти и сеизмолошките служби.
Потресот бил регистриран во сојузната држава Гереро, со епицентар во близина на градот Сан Маркос, на длабочина од околу 35 километри. Земјотресот силно се почувствувал и во Мексико Сити, каде што се активираа сеизмичките аларми и граѓаните масовно ги напуштија објектите.
Земјотресот го прекина и првиот новогодишен брифинг на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, по што присутните беа евакуирани од зградата како превентивна мерка. На социјалните мрежи беа објавени видеа од тресење на згради и луѓе собрани на улиците.
Локалните власти информираа за оштетени патишта, појава на клизишта и оштетувања на неколку здравствени установи во погодените области. Засега нема информации за поголеми уривања во главниот град, но проценката на состојбата на зградите е во тек.
Според првичните информации, има пријави за повредени лица, а медиумите пренесуваат и за најмалку една жртва, иако официјалната потврда за точниот биланс сè уште се очекува. Сеизмолошките служби регистрираа и повеќе последователни потреси по главниот удар.
Мексико се наоѓа во една од најсеизмички активните зони во светот, поради судирот на неколку тектонски плочи, а ваквите потреси редовно претставуваат сериозен ризик за населението и инфраструктурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес го погоди Мексико, оштетени патишта…
Силен земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според…
Најмалку 10 жртви во превртување на автобус…
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици…
Седуммина загинати при пад на мал авион…
Најмалку седум лица загинаа при пад на…
Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…
Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна…
(Видео) Масовни антивладини протести во Мексико Сити!
На антивладините протести што се одржаа во…