Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ

t

Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони

Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.

АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карпи се срушија врз патот кон Радожда,…

Голем одрон го блокираше патот на влезот…

Предупредување за возачите: Внимавајте на одрони низ…

Сообраќајот на државните патишта во земјата се…

Забрани за тешки возила кон Стража и…

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…

АМСМ: Поради магла намалена видливост на неколку…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон…

Намалена видливост до 70 метри и појава…