Трамп објави фотографија од Мадуро: „Спектакуларен напад каков што не е виден од Втората светска војна“ – Објавено и обвинението!

t

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од заробениот Николас Мадуро на американски брод.

Пам Бонди, главниот обвинител на САД, сподели обвинение од 25 страници против претседателот Мадуро, неговата сопруга и неговиот син. Во него се тврди дека венецуелскиот лидер е дел од нарко-терористички заговор од 1999 година и бил вмешан во корупцијата на „некогаш легитимни институции за увоз на тони кокаин во Соединетите Држави“. Мадуро негираше вмешаност во трговијата со дрога. Тој ги обвини САД дека бараат „промена на режимот преку воена закана“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на своето последно обраќање дека американската воена операција во Каракас е без преседан од Втората светска војна.

„Доцна синоќа и рано утрово, по моја директива, вооружените сили на Соединетите Американски Држави спроведоа неверојатна операција во главниот град на Венецуела. Спектакуларен напад, каков што не е виден од Втората светска војна, беше извршен врз воена тврдина во срцето на Каракас, за да се изведе диктаторот Николас Мадуро пред лицето на правдата“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на венецуелскиот лидер и неговата сопруга.

„Нема да има потреба од втор напад“, бидејќи првиот беше исклучително успешен, рече Трамп. „На суд ќе бидат презентирани многу докази против Мадуро во врска со работата на нарко-картелите“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…