Муцунски ја поздрави акцијата на САД во која е заробен венецуелскиот претседател Мадуро
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздравува акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.
Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува Муцунски.
Тој, исто така, упатува пофални зборови и за државниот секретар Марко Рубио за, како што вели, неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.
„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, додава Муцунски.
Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) извршиле голем воздушен напад врз Венецуела, како и дека го заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.
Како што напиша Трамп, „венецуелскиот лидер Мадуро е заробен и изнесен од земјата“.
Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави (САД), Пам Бонди денеска соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје.
Таа на социјалната мрежа Икс напиша дека „Мадуро наскоро ќе се соочи со целиот гнев на американската правда на американска почва, во американските судови“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски ја поздрави акцијата на САД во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Трамп објави фотографија од Мадуро: „Спектакуларен напад…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од…
(Во живо) Прес-конференција на Трамп по операцијата…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Гутереш: Нападот на САД во Венецуела претставува…
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази…
Фон дер Лајен: ЕУ е со народот…
ЕУ стои зад народот на Венецуела и…