Објавено на:

Од денес повторно блокиран ГП Евзони

t

По паузата поради празниците, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони.

Преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време, што е клучното време кога обично од Грција во недела се враќаат македонските граѓани кои го поминале викендот во соседната земја.

Според информациите од граничните служби, илјадници Македонци изминативе денови беа во Грција за дочекот на Новата година и споениот викенд.

Земјоделците вчера излегоа на протестен марш низ Кукуш, а потоа, незадоволни бидејќи потпретседателот на Парламентот, Јоргос Гоергадас, одбил да се сретне со нив, фрлија сено и памук пред неговата канцеларија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе го суспендира земањето отпечатоци на…

Грчките погранични власти ќе имаат можност привремено…

Денеска и утре не се очекуваат блокади…

Денеска и утре, поради празникот Водици во…

Од денес повторно блокиран ГП Евзони

По паузата поради празниците, грчките земјоделци од…

Грција ќе вложи 420 милиони за автопат…

Во Грција официјално од денеска започнува 35…

Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести…

Граничниот премин Евзони меѓу Северна Македонија и…